Клоп: Гвардиола кажа дека ја претпочита титулата во Премиер лигата отколку во ЛШ

од desk4
100 прегледи

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека неговиот колега од Манчестер сити, Џозеп Гвардиола, смета дека Премиер лигата е поважна од Лигата на шампионите.

Оваа сезона „граѓаните“ го освоија шампионатот во Англија, а „црвено“ се пласираа во финалето на елитната лига.

– Гвардиола од поодамна рече дека ја преферира Премиер лигата отколку Лигата на шампионите, бидејќи поминаа многу години откако играше во финалето. Тој е најдобар тренер на светот, и во целост ги заслужува комплиментите што ги добива.

Ливерпул на 1 јуни во Мадрид против Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампионите.