Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по престојот во англискиот клуб планира да замине една
година од фудбалот.
![]()
Германецот ги увери навивачите на тимот дека тоа нема да се случи засега, бидејќи тој сè уште се
чувствува полн со енергија.
Клоп е во Ливерпул од 2015 година и има договор до 2022 година.
„Имам голема енергија, но имам проблем. Не можам да терам побавно. Се или ништо е со мене.
Кога ќе речам дека не можам да бидам целосно посветен, ќе заминам за една година. Потоа ќе
треба да донесам одлука, но шансите се големи повторно да ја вратам енергијата и да почнам
повторно да го правам тоа на начин, како што сакам“, изјави Клоп за германскиот магазин „Кикер“.