Клоп: Не сме фаворити против Тотенхем

од Vlatko K
121 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави пред финалето на Лигата на шампионите дека
неговиот тим не е фаворит против Тотенхем.


Германецот верува дека двата тима имаат еднакви шанси да го освојат трофејот утревечер, иако
Ливерпул има 26 поени пред Тотенхем во Премиер лигата.

„Знам дека луѓето велат дека сме фаворити, бидејќи завршивме со толку многу поени пред нив, но
и двете победи во сезоната беа само со 2:1. Тоа не нè прави фаворити“, вели Клоп.

Тој изјави дека е свесен за тоа на кои играчи ќе се обложи во натпреварот, но ќе го соопшти
составот, само ако неговиот колега Маурисио Почетино ги открие 11-те на Тотенхем.

Менторот продолжи со шегите, но призна дека се надева оти ќе заврши неговата серија од
неуспешни финални натпревари, која трае веќе 7 години.

„Веројатно, во последните 7 години, јас сум светски шампион во освоени полуфиналиња.Можам да
напишам книга за ова прашање, но никој нема да ја купи“, рече тој.

Клоп, исто така, откри дека нема играчи со физички проблеми и сите во групата се подготвени за
натпреварот, вклучувајќи го и напаѓачот Роберто Фирмино.

Финалето на Лигата на Шампионите е во сабота, 1-ви јуни и ќе се одигра на стадионот „Ванда
Метрополитано“ во Мадрид.