Клоп одби уште една работа

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Јирген Клоп е решен да не се врати на тренерската работа оваа сезона.

Според „Атлетик“, германскиот тренер ги одбил челниците на Американската фудбалска асоцијација да ја преземе нивната репрезентација.

Американците останаа без тренер откако сега веќе поранешниот селектор Грег Берхалтер постигна разочарувачки резултат на Копа Америка, односно испадна по групната фаза.

Сепак, Клоп ја одби нивната понуда и истакна дека сака пауза од фудбалот.

Но „Атлетик“ тврди дека Американците се упорни во идејата 57-годишниот Германец да им биде следен тренер, па наводно се подготвени да го чекаат цела година.

Да потсетиме дека Клоп во јануари најави дека ќе го напушти Ливерпул, каде што беше на клупата од 2015 година. Потоа го поврзуваа со разни клубови и репрезентации, но тој упорен е во идејата да се одмори од фудбалот.

Слични содржини