Германскиот тренер Јирген Клоп изненадувачки е поврзуван со нова тренерска работа во италијанската престолнина.
Имено, извештаите велат дека Рома веќе се договорила за Клоп како наследник на Клаудио Раниери. Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, договорот со тренерот е веќе постигнат и тоа е резултат на одлука која се разработувала веќе некое време.
Германскиот стручњак наводно претходно се договорил со друг клуб, но кога таа опција пропаднала, тој не се двоумел. Во недела, 18 мај, во 22:57 часот, Клоп ѝ даде зелено светло на Рома, предводена од претседателот Ден Фридкин, пишува „Ла Стампа“.
Сепак, Рома нема да застане на револуција на клупата. Планирана е и голема револуција во играчкиот кадар, кој ќе претрпи бројни промени, а Клоп ќе го води тимот со помош на Раниери, кој ќе биде виш советник.