Клуч на кафулињата и рестораните по 17 часот, предупредување од српскиот Кризен штаб

од Milan_M

Д-р Тања Јовановиќ, член на Кризниот штаб, виролог и професор на Медицинскиот факултет во Белград, изјави дека епидемиолошката состојба во Србија е алармантна, пренесе „мондо.рс“.

Како што изјавила таа, неопходно било да се воведат рестриктивни мерки со цел да се стави епидемијата под контрола.

Таа посочи и дека по 17 часот угостителските објекти треба да се затворат, а објектите за храна, аптеките и евентуално бензинските пумпи треба да се остават на работа, пренесува медиумот.

– Имаме епидемиолошки мерки на хартија, но се однесуваме како да не постојат. Немаме инспекција што би ги казнила луѓето што не се придржуваат кон нив. Ако ги почитуваме основните мерки, ситуацијата би била драматично поинаква – посочила Јовановиќ.

Слични содржини