Во јануари оваа година, американскиот секретар за здравство и услуги Алекс Азар го предаде водењето на клучната агенција за борба против корона на Брајан Харисон.
Овој потег бил малку изненадувачки, со оглед дека пред да се приклучи на администрацијата во 2018 година како заменик на Азар, тој шест години водел бизнис наречен Далас Лабраддулс, кој го продал за 225.000 долари, што вклучувало и продажба на мешанци меѓу лабрадори и пудлици.

Тоа знаење било бескорисно во борбата против пандемијата во која починаа 47.000 Американци и зарази над 850.000! Смешно како тоа функционира!
Во меѓувреме, додека на одгледувачите на кучиња им е дадена голема улога во кризата, луѓето со вистинско релевантно искуство се протерани. Њујорк Тајмс во средата објави дека експерт за вакцинирање Др. Рик Брајт бил разрешен од функцијата „откако побарал строга контрола на хидроксихлорокинин, лек за маларија прифатен од претседателот Трамп како третман за коронавирус“ (иако веќе е докажано дека лекот ја зголемува смртноста кај пациентите со корона).