Од новата книга, излезена со тврди корици и која во себе содржи реално сценарио на претставата “Хари Потер и проколнатото дете”, за три дена се продадени 700 000 примероци.
Иако Џоан Роулинг веќе изјави дека тоа е финалниот дел од серијалот за “Хари Потер”, таа може да се замисли по огромниот успех на неодамна излезената нејзината книга, определена за најпродаваната на деценијата.
Специјалниот тираж на сценариото излезе на пазарот во неделата, 31 јули, со цена од 20 фунти. Ова издание ќе биде заменето со дефинитивно издание, кое ќе биде објавено во почетокот на 2017 година. Тоа ќе ги вклучува последните изведувачки насоки со прибелешки и друга дополнителна содржина, што ќе ги предизвика навивачите, па книгата ќе оствари повторно огромни продажби.
Претходниот рекорд беше држен од “Педесет нијанси на сиво” на Е. Л. Џејмс во 2012 година со 664 000 продадени примероци во првата недела.