Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, 24 Мај, во Париз излезе од печат најновото поетско отстварување на македонскиот поет и писател Панде Манојлов, насловено „Мајчин јазик“ ( „La langue Maternelle”).

Станува збор за издание на Институтот за култура „Солензара“ во едицијата „Билингвистика“ напоредно на македонски и француски јазик.
Оваа мошне значајна поетска книга од битолчанецот Панде Манојлов содржи триесет песни, а на француски јазик ја препеа познатиот француски и светски литерат, поет и академик Атанасе Ванчев Де Траси, кој годинава е предложен за Нобеловата награда за литература.
На насловот на корицата е фотографија од црквата „Свети Канео“ во Охрид, како симбол и порака дека книгата е од автор од Република Македонија.
Поетот и писател Панде Манојлов е автор на 27 книги, а во последниов месец од печат се појавија четири и тоа „Прегрни го светот“ – поезија за деца и млади, „Глас од душата“ – поезија за возрасни и две книги во издание на Матица Македонска – Скопје, „Мајчин јазик“ и „Копнеж по времето“.
Во месец јуни оваа година, Манојлов ја очекува неговата најнова стихозбирка на македонски и арапски јазик која се печати во Палестина.