Демократскиот сојуз за утре најавува прес конференција на која ќе обелодени , како власта и послушниците на Никола Груевски уценуваат , вршат насилни притисоци и на сила врбуваат и преземаат членови на ДС и Коалицијата за промени и првда. ДС имаат материјали и докази, од кои се дознава дека насилно се врбуваат членови на демократите на лидерот Трајанов, им се закануваат со откази и последици по семејствата, и бараат да даваат изјави дека бегаат и одат „среќни спонтано и своеволно“ во ВМРО ДПМНЕ.

Во денечниот ПРОГЛАС на Коалиција за промени и правда до сите граѓани на Република Македонија, токму поради тоа Коалицијата упати порака: Не се плашете, режимот ќе падне!
Ве повикуваме сите, сплотени во заедничка борба против авторитарната власт на Никола Груевски и неговото злосторничко здружение кои повеќе од десет години го тероризираат и ограбуваат народот во Македонија. Борбата ќе ја водиме со нашиот разум, збор и глас на 11ти декември 2016 година, ден кога ќе му кажеме на овој режим ДОСТА Е! На тој ден ќе им пресудиме на тиранијата, теророт и криминалот на фамилијата на власт, неправдите кон луѓето и одземената слобода, на корумпираното судство и на сите корумпирани подржувачи на овој недемократски режим.
– Ќе му кажеме НЕ на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во која живее нашиот народ.
– НЕ за солзите на родителите кои беа присилени да ги пуштат во туѓина над 600 000 млади и работоспособни, таму да ја побараат среќата бидејќи режимот им ја одзеде во Македонија. Најдоброто, цветот на Македонија, замина со карта во еден правец.
ПРОГЛАС НА КОАЛИЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПРАВДА ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: НЕ ЗА СОЛЗИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ КОИ БЕА ПРИСИЛЕНИ ДА ГИ ПУШТАТ ВО ТУЃИНА НАД 600 000 МЛАДИ И РАБОТОСПОСОБНИ!
Целиот проглас тука