Кочанчанец кој не ја почитувал мерката за самоизолација префрлен во државен карантин

од Берта Китинска
374 прегледи

Жител на кочанското село Уларци од вчера е во државен карантин. Станува збор за З.Н. (45) кој од неговиот дом е спроведен до хотел во Скопје поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.

Според соопштението од СВР – Штип, З.Н. ќе биде во државен карантин 14 дена.

Статистиката на полицијата покажува дека за само едно деноноќие на подрачјето на општините во источиот дел на земјава се регистрирарни 54 прекршоци за неносење заштита на лице.

Во соопштенито, СВР информира и дека 66-годишен клиент на банка вчера во 14.30 часот во Полициската станица – Кочани пријавил дека на 16.07.2020 околу 08.30 часот шалтерски работник, искористувајки ја својата службена положба, ги пречекорил границите на своето овластување и при исплата на пензија повлекол 500 евра од девизна сметка на коминтент на банката, при што на С.С. му дал да потпише налог за исплата 500 евра без да му ја врачи повлечената сума. Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини