184
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани. Како што соопшти полицијата, лицето се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Информациите кои МВР ги изнесе се дека во текот на 2022 година, тетовец ѝ исплатил 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.
Притоа, тетовецот останал и без парите и без ветените документи.