Коциќ: Кога се отвораа бугарските клубови во Охрид и Битола, половина членови на ВМРО-ДПМНЕ беа внатре

од Nikola Popovski
173 прегледи

Кога ние изгласавме почеток на преговори со ЕУ, вие од ВМРО-ДПМНЕ не бевте тука во салата, не бевте туку ниту пред два дена, кога го ратификувавме Договор на ФРОНТЕКС, порача пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.

Зборувајќи за националните интереси, Коциќ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е единствениот субјект што во овој период го попречува напредокот на државата.

„Јас сум горд наследник на партизани, како и многу мои колеги од СДСМ. А во чии редови седите вие, па зборувате за Ванчо Михајлов? Тепаниот од инцидентот во Охрид, тепаниот бил Македонец со бугарска самосвест, член на ВМРО-ДПМНЕ. Tепачот бил Македонец со бугарско државјанство член на ВМРО-ДПМНЕ. Кога се отвораа клубовите во Охрид и Битола, половина членови на ВМРО-ДПМНЕ беа внатре во клубовите, а половина протестираа пред клубовите. После 30 години единствено вето кое го има државата е од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Сме имале од Бугарија и Грција, но во моментов е само од вас. Затоа е потребно обединување од сите проевропски сили во државата. Сила, која што очигледно од надвор, соработува со странски служби овде за да го оптструира патот на С. Македонија кон ЕУ“, порача Коциќ до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини