„Кое оружје е сега во рацете на Бугарија за опструкција на европскиот пат? Дали тоа не е ВМРО-ДПМНЕ?“ запраша пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ во дискусиајта со Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека единствена работа што треба да ја направиме за да ги продолжиме преговорите со ЕУ е да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав, а протв тоа не се Бугарија или ЕУ, туку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, Левица.
„Тоа значи дека за прв пат имаме домашно вето. Не познавам држава или народ кој својата држава би си ја кочел“ рече Коциќ.
Пратеникот од СДСМ рече дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ сега го прави е класично поддржување на бугарските националистички ставови и партии и дека посакуваат земјава да остане во калта, каде што бевме од 2006 до 2016 година.
„Не зборуваме за друго, туку за заедничка иницијатива за државата да продолжи напред, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го сфати. Им кажа и американскиот претставник, ова не е поддршка на СДСМ или на Ковачевски, туку поддршка за европската интеграција“ рече Коциќ.