Коциќ: Тие што се удираа во гради дека никогаш нема да признаат Северна Македонија, први се закануваат со казни кон граѓаните кои не ги смениле документите

од Nikola Popovski
203 прегледи

Нема да има ниаков проблем со изборниот процес во однос на валидноста на документите. Хаосот со возачките дозволи беше инсцениран од министерот на ВМРО-ДПМНЕ кој првично рече дека нема да има казни за грашаѓаните за подоцна да најави дека казни ќе има, тоа создаде немир кај граѓаните, изјави пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Само вистина“.

Според него,  ние имаме 2021 година донесено закон, којшто предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претсетателот Ковачевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски беа дека нема да има казнување за граѓаните коишто не ги смениле.

-Иста изјава имаше и сегашниот технички министер од ДПМНЕ на 06.02, кој кажа дека граѓаните нема да бидат казнувани, за после неколку дена да даде една друга теза дека граѓаните ќе бидат казнувани доколку немаат промена на возачките дозволи, што создаде немир и еден вид на хаос во општеството, истакна Коциќ.

Коциќ нагласи дека тие што седум години се удираа во гради дека никогаш нема да признаат Северна Македонија, први се закануваат со казни кон граѓаните кои што не ги смениле документите.

Слични содржини