„Коцкарот“ се враќа на теренот: Њукасл доби огромно засилување, заврши суспензијата за Тонали

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Вистинскиот скандал изби кога Сандро Тонали беше фатен како се обложува, поради што беше и суспендиран. Сепак, тој сега се враќа на терените по десетмесечна пауза и ќе биде подготвен од крајот на август, што е потврдено.

Сандро Тонали беше фатен во нелегално обложување, поради што доби 10-месечна суспензија.

Сега Њукасл излезе со соопштение во кое вели дека Тонали ја „отслужил“ казната и ќе биде во тимот од 28 август.

– Клубот доби официјална потврда од Италијанската фудбалска федерација (FIGC) дека суспензијата на нашиот играч истекува на 27 август – стои во писмото од тимот од истоимениот град.

Тонали пристигна во Англија во јули 2023 година, кога Њукасл за него плати 70 милиони евра, а одигра само 12 натпревари. Тогаш FIGC одлучи да го суспендира поради кршење на правилата за обложување.

Меѓу другото, тој замина на рехабилитација осум месеци.

Слични содржини