Коѕиас: Македонија повеќе пати го прекрши меѓународното право околу бегалската криза

од desk3
97 прегледи

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас критикува дека Македонија на повеќе наврати го прекршила меѓународното право при справувањето со бегалската криза и се однесувала небалансирано.

Во интервју за весникот „Весник на новинарите“ Коѕиас на прашање, колку инцидентите на Идомени ги отежнуваат грчко-македоските врски потенцира дека Грција ја предупредила Македонија добро да размисли како ќе постапува при справувањето со бегалската криза и како тоа ќе влијае на идните врски со ЕУ и нејзините институции.

kozias

– Одговорност за ова имаат и државите членки на ЕУ кои и покрај нивното присуство во БЈРМ не го спречија нејзиното вакво однесување. Од наша страна, се справуваме со ваквите прашања со трезвеност и одговорност. Во заблуда се оние кои мислат дека ќе престанеме да преземаме иницијативи и да водиме активна надворешна политика – вели Коѕиас во интервјуто.

Критиката, која е продолжување на меѓусебните обвинувања меѓу македонските и грчките политичари, доаѓа само неколку дена пред одржувањето на регионалниот самит за бегалската криза во Солун на кој ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Попоски, со кој Коѕиас најверојатно ќе има и билатерална средба.

Нова драма меѓу Русија и САД: Су-27 пресретна американски разузнавачки авион

Самитот е грчка иницијатива за подобрување на соработката меѓу Грција, Македонија, Албанија и Бугарија околу бегалската криза, а на него ќе учествуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на четирите држави.

Што се однесува до зајакнување на соработката околу бегалската криза, грчкиот весник „То Вима“ пренесува дека Грција одбила предлогот на ОБСЕ за формирање заедничка канцеларија за меѓугранична соработка со Македонија, со цел да се воспостави поголема контрола над Идомени.

Оценките во Атина биле дека, прифаќање на предлогот и воспоставување заедничка канцеларија ќе биде тешко за справување од политичка гледна точка. Имено, грчката страна била загрижена колку е соодветен моментот таква идеја да се постави на гласање пред грчкото собрание во овој период, а проблематично било и на која територија точно би се поставила канцеларијата, поради што конечно се одлучило да се одбие оваа идеја.

Предлогот бил испратен од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје до грчката полиција пред десетина дена, односно пред инцидентите меѓу бегалците и македонската полиција со идеја да се постави заедничка кацеларија за македонските и грчките сили за подобра контрола и следење на ситуацијата на границата, по моделот на контактни точки кои Македонија веќе ги има на границите со Србија, Бугарија и Албанија.

 

META