Следната недела се очекува средба да остварат премиерот Зоран Заев заедно со Африм Гаши лидерот на Алтернатива.
На прашањето дали оваа партија ќе ја смени БЕСА во Владата и колку министерства ќе добие во емисијата „Click Plus“ одговори членот на ИО на СДСМ Стефан Богоев
„Дефинитивно доколку се постигне договор Алтернатива ќе добие министерско место. Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер, за да биде реконструкција“, рече Богоев.