Ќофтиња од спанаќ и месо

од desk2
178 прегледи

Интересни ќофтиња. Пробајте!

Потрбни состојки:

За 4 лица

Варење: 120 мин.

Приготвување: 10 мин.

Печење: 30 мин.

Состојки:

500 г варено пилешко месо

1 кромид

300 г спанаќ

1 чешне лук

1 белка од јајце

сол

црн пипер

малку мускатно оревче

масло

Подготовка:

Сварете ги пилешкото месо и кромидот во супата, па процедете ги и оставете ги малку да се изладат.
Иситнете ги месото и кромидот во блендер, додајте исчистен спанаќ, мускатно оревче, лукче и зачини по вкус, па добро измиксирајте во фино пире.
Додајте 1 белка во смесата за да ги поврзе состојките, па обликувајте ги ќофтињата.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, прелијте ги со малку масло и печете ги на 200 степени, 30 минути. Послужете ги со салата од рендана зелка и млад кромид.