Вкусни ќофтиња во доматен сос со многу зачини. Уживајте!

Состојки
Ќофтиња
150 гр ориз
1 лажичка сушен зачин
1 јајце
1 лажичка сенф
по вкус зачин (оригано, босилек,магдонос, нане)
1 лажичка лебни трошки
500 гр мешано мелено месо
по потреба масло за пржење
Сос
500 мл сос од домати
1 шоља вода
1 коцка за супа
2 лажички шеќер
1/2 лажиче сол
1 лажичка сенф
Во зовриена солена вода ставаме 150 гр ориз да се вари 10тина минути. Процедуваме.
Ставаме 500 гр мелено месо во поголем сад, го додаваме оризот, лажиче сушен зачин, лажиче сенф, едно јајце, по вкус оригано, босилек, нане, магдонос, малку лебни трошки. Замесуваме да добиеме хомогена смеса, правиме топчиња големи колку орев и кратко ги пропржуваме.
Во тенџере на оган ставаме шоља вода со пола коцка за супа да врие, додаваме 500 мл доматен сос, зачинуваме со 2 лажички шеќер, пола лажиче сол, малку сенф и ги додаваме ќофтенцата. На тивко се крчка 20тина минути. На крај додаваме свеж магдонос.