Кога ќе ве фати паниката: 5 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите

од Stefanija Kuzmanovska

За физичкото здравје сега е клучно да останете дома, но јасно е дека сите информации што ги слушате, може да доведат до нервоза, паника, вознемиреност …


Нема потреба да страдате во тишина, вие не сте сами – имате на кого да се обратите, а можеби и некои од овие психолошки трикови можат да ви помогнат да се опуштите и да се смирите.

Важно е да научите како да го активирате вагусниот нерв затоа што тоа ќе го „закочи“ чувството на нервоза, стрес, паника …

Дишете полека и длабоко

Бидете сигурни дека ќе го продолжите времетраењето на издишувањето за да го активирате вагусниот нерв. Обидете се, да речеме, две секунди да вдишете, а четири секунди да издишувате.

Кога забележувате дека рамената се опуштаат и здивот ви се продлабочува, можете да започнете со вдишување и издишување во исто време.

Измијте се со ладна вода

Попрскајте го лицето со ладна вода, почнувајќи од брадата до челото. Студената вода ќе го стимулира вагусниот нерв, помагајќи ви да се смирите. Можете, исто така, да се истуширате со поладна вода или да испиете чаша ладна вода.

„Гаргара“ со вода

Вагусниот нерв ќе ги активира мускулите во вратот. Кога го исплакнувате грлото на овој начин, овие мускули се контрахираат, активирајќи ги вагусните нерви и го стимулираат гастроинтестиналниот тракт.

Може да ви помогне и гласно да ја пеете омилената песна!

Танцувајте

Мрдајте го телото, тоа е многу ефикасен начин за активирање на вагусните нерви, што ќе му помогне на вашиот нервен систем да се препплави со  чувството за безбедност. Пуштете ја омилената песна, тоа дефинитивно ќе го подобри вашето расположение и танцувајте!

Изразете ги своите чувства гласно

Ќе ви биде полесно да кажете гласно што ве мачи: „Се чувствувам исплашено / збунето / нервозно…“.

Многу е можно сега вашите емоции да се измешани, да сте под стрес, збунети, депресивни, да паничите… Многу е важно да ги прифатите тие чувства затоа што вашето тело така ви кажува дека постои закана во околината.

Сепак, не треба да дозволите овие чувства да управуваат со вас, а овие техники ќе ви помогнат да го смирите вашиот нервен систем …

Слични содржини