Шефицата на Европската комисија не можеше да го прецизира точниот датум на влезот на Украина во Европската унија.
Сепак, таа рече дека не може да ја замисли ЕУ без Киев „за 20 до 30 години“.
На прашањето на шпанскиот весник „Мундо“ дали Украина за 10 години ќе биде членка на ЕУ, таа одговори дека не може да се прецизира точниот датум.
– Не можеме да го прецизираме точниот датум, но Европската унија би била незамислива за 20 или 30 години без Украина во неа, како и без блокот на земјите од Западен Балкан – истакна шефот на ЕК.
– Имаме обврска да ја проектираме таа визија и да си ги поставиме следниве прашања: Дали можеме да замислиме дека овој регион не е дел од ЕУ? Дали ќе биде под влијание на Русија или Кина? Дали е ова она што го сакаме? Верувам дека конфликтот означи многу јасна линија за земјите од Источна Европа – додаде таа.