Кога не треба да го игнорираме надуениот стомак

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Ако страдаме од честа надуеност, не треба да ја отфрламе со лесна рака и да мислиме дека е предменструален синдром или гасови. Понекогаш овој симптом може да сигнализира за посериозен здравствен проблем.

Експертите советуваат да се обратиме до лекар, ако заедно со отокот имаме некој од овие знаци.

Абдоминална болка

Ако не е периодот на менструација кај жените и се појават грчеви во долниот лев дел на стомакот, кои се придружени со оток, постои веројатност тоа да е дивертикулитис. Во ваков случај се потребни истражувања за да се утврди причината.

Болка во карлицата

Иако ретко, надуеноста е придружено со болка во пределот на карлицата, може да биде знак за рак на јајниците, особено ако е придружена од чести посети во тоалет како по мала, така и по голема потреба.

Отокот во овој случај е предизвикан од акумулација на течности во стомакот.

Губење на тежината

Ако страдаме од целијачна болест – болест предизвикана од нетолеранција на глутен, нашето тело реагира на глутен, оштетување на цревниот ѕид.

Подуеност, дијареа и губење на тежината се некои од најчестите знаци на оваа болест.