Христијан Мицкоски како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник на Груевски за енергетика, купувал електрична енергија по три пати повисока цена.Во време кога немаше никаква криза, Мицкоски, како директор, купувал електрична енергија по цена од 250е/MWh, а тогаш струјата се продаваше по 70е/MWh, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека цената на струјата во времето на Мицкоски се зголемила за 100 проценти кога тој бил директор и советник.
-Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и субвенционирање на цената на струјата за граѓаните, Мицкоски шири невистини и ништо друго, посочуваат од владејачката партија.