Кога пеколот ќе замрзне! Ултиматумот на Путин за идниот претседател на САД…

од desk3
93 прегледи

Следната администрација на САД ќе ги наследи најлошите односи со Русија откако Роналд Реган го нарече Советскиот Сојуз империја на злото. Судејќи според листата на барања кои претседателот Владимир Путин ги претстави, дури и на релативно со пријателските чувства кон Путин -Доналд Трамп ќе му е доста тешко да ги задоволи, коментира Леонид Бершидски за BloombergView.

0000318813-article2

Путин упати порака кон идниот претседател на САД точно кога американскиот Стејт департмент објави дека ги прекинува преговорите со Русија за запирање на огнот во Сирија, а поддржани од Русија сириски единици тргнаа да заземат уште поголем дел од Алепо. Во нацртот претставен пред парламентот, Путин се закани дека ќе стави крај на заедничката програма за разоружување меѓу САД и Русија, во која вишокот плутониум, со кој може да се направи оружје, се претвора во гориво.
Потегот ќе биде направен, ако САД не задоволи одредени услови, меѓу кои:

– Враќање на инфраструктурата и намалување на вработените на НАТО до нивоата од септември 2000 година

– Укинување на “Законот Магнитски”, кој воведе санкции врз руски претставници, кои ги нарушуваат правата на човекот;

– Поништување на сите американски санкции против руски лица и компании;

– Компензација на Русите за штетата нанесена од санкциите на САД и од руските “принудни контрасанкции”;

– Претставување на “јасен план за неповратно уништување” на вишокот плутониум на САД.

На ист начин Путин можеше едноставно да каже дека програмата ќе биде вратена кога пеколот ќе замрзне, пишува Бершидски. “Тој побара премалку”, пишува саркастично на Facebook Леонид Волков, политичар и противник на Путин. “Тој мораше да си ја побара назад, вечната младост, Илона Муск и билет до Дизниленд”.

Дури и ако американската администрација беше неочекувано подготвена да ги укине санкциите наметнати како одговор на руската агресија во Украина, дури претседателот Доналд Трамп не би се согласил на понижувачко и нелогично барање за компензација – особено поради малигната одлука на Русија да забрани увоз на прехранбени производи од Западот , потег од кој настрадаа главно локалните корисници. Ограничувањата на НАТО исто така нема да се случат.

Договорот со плутониум беше во голема мера симболичен и онака беше речиси пропаднат. Во него беа вклучени само 34 тони плутониум за секоја земја што е прилично мал удел од нуклеарниот арсенал на двете држави. Администрацијата на Обама го стави својот дел од програмата во “процес на чекање” во 2014 година, по серијата несогласувања по прашања како да биде уништен Плутониумот или високата цена за неговата трансформација во гориво за нуклеарни централни. Одот сигнализира дека САД се подготвени за одбивање на Русија исто така да го исполни својот дел од договорот.

Изборот на Путин јавно цели да го потсети светот дека Русија останува нуклеарна сила со непотребен плутониум за разлика од повеќето земји во соседството. Украинскиот претседател Петро Порошенко најверојатно горко зажали дека неговата земја се откажа од својот нуклеарен арсенал во средината на 90-тите години во замена за сега бескорисна гаранција од Русија, САД и Велика Британија дека нема да биде нападната. Порошенко сака да го убеди Вашингтон дека Украина заслужува смртоносно американско оружје, откако беше привлече да се откаже од својата моќна одвраќачка можност , додава Бершидски.

Пораката на Путин е дека Русија ќе почне да делува како рамна, без разлика дали САД сакаат да ја третираат како таква. Тоа е потсетник на претседателските кандидати дека мировна Русија ќе има цена и дека почетна точка на Русија во сите преговори ќе биде арогантно висока. Бидејќи е малку веројатно сегашната администрација на САД да ги засили воените дејства во Сирија, Русија ќе направи се што е можно за да се увери дека силите на претседателот Башар ал Асад ќе добијат убедлива победа над Алепо пред следниот претседател на САД да положи заклетва . Одлуката на САД да се повлечат од преговорите не значи многу за Путин, кој и без тоа побрзо се обидуваше да победи на време.

Путин знае дека војувачката позиција ќе излезе скапа. Во почетокот на октомври Министерството за финансии предложи зајакнување на класифицирани дел на буџетот – која вклучува воени трошоци и такви за одбрана, со околу 680 милијарди рубљи (10,9 милијарди долари), потег кој ќе бара намалување на другите трошоци и зголемување на дефицитот.

Тешко е да очекуваме дека Барак Обама може и да одговори сериозно на барањата на Путин. Следниот претседател на САД сепак ќе треба да одлучи што да прави со непомирлива Русија. Една од опциите е да ги зајакне санкциите и да почека економијата да ослаби, за да ја поткопа позицијата на Кремљ. Таквиот пристап, сепак може да има итни и несогледливи последици за Блискиот Исток и други места, завршува Бершидски.