Кога се става регенератор на косата? Одговорот ќе ве изненади

од Elena Daskalova
460 прегледи

Секоја коса е различна, но генерално, може да се земе дека може да биде масна, сува и нормална. Токму и од типот на косата зависи на кој начин треба да го користите регенераторот.

Шампоните кои содржат сулфати поагресивно ја чистат косата и ги отстрануваат природните масла. Поради тоа, ако користите ваков шампон, мора да набавите квалитетен регенератор и да користите маска за коса, за да спречите претерано сушење на косата.

Исто така, косата е најдобро да ја расчешлате пред миењето, бидејќи кога е мокра е и поподложна на пукање. При миењето и нанесувањето регенератор, користете чешел со широки запци.

Ако користите регенератор со поголема количина силикон, не го ставајте на темето на косата, туку само на косата. Некои козметичари тврдат дека ако имате масна коса најдобро е прво да нанесете регенератор или маска за коса, а дури потоа да шампонирате, за да спречите прерано мастење. Доколку имате сува коса, регенераторот се нанесува по шампонирањето. За сува коса користете маслени регенератори. Тие треба да отстојат барем пет минути на косата, пред да се исплакнат.

За крај, не заборавајте дека косата треба да се плакне со млака вода, бидејќи топлата агресивно ги измива сите природни масла кои се лачат од темето, но и може да ги исуши и оштети влакната и да се намали квалитетот на косата.

Слични содржини