„Кого му се заканува Трамп? Мистериозна ‘вистина’ по средбата со воените лидери: ‘Акумулираме оружје побрзо од кога било, се надевам дека нема да го употребиме’“

од Марта Пешевска
31 прегледи

По разговорот со американските воени лидери, Доналд Трамп објави порака на својата платформа Truth Social во која истакна дека САД складираат оружје со „невидена брзина“ и дека имаат најсилна војска досега. Но, мистериозното прашање е: кому му е упатена оваа порака и закана?

„Тукушто имав одличен разговор со нашите воени лидери. Акумулираме оружје со брзина каква што никогаш порано не сме виделе во нашата земја. Сепак, се надевам дека никогаш нема да треба да го користиме“, напиша Трамп, без да прецизира конкретен противник. Медиумските шпекулации укажуваат на неколку можни адреси на оваа „вистина“:

  • Иран: По предлогот што САД му го испратија на Техеран за нуклеарен договор, тензиите растат, особено поради извештаите дека Иран поседува ураниум близок до нуклеарна чистота. Израел се подготвува за можен напад врз иранската нуклеарна програма, а САД би можеле да му дадат воена поддршка.

  • Русија: Во светло на војната во Украина, Трамп неколку пати изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „си игра со оган“. Со оглед на продолжените конфликти, ова може да биде предупредување упатено кон Москва.

  • Кина: Во време на трговска и геополитичка напнатост, Трамп порано истакна дека Америка има „најмоќно оружје“ и дека кинескиот претседател Си Џинпинг „точно знае што треба да се направи“ во случај на ескалација.

Иако не е јасно кој е конкретниот противник во мислите на Трамп, неговата порака испраќа јасна порака за воена сила и подготовка. Во време на глобални тензии, секој од овие актери може да се чувствува предупреден од новата „вистина“ на американскиот претседател.

Слични содржини