Кои намирници најбрзо „минуваат“ низ желудникот? На некои им требаат и до три часа!

од Elena Daskalova
337 прегледи

Разновидната исхрана е многу важна, но она што е важно да го знаете е дека не секоја намирница еднакво се процесира во вашиот дигестивен систем.

Некои намирници „минуваат“ низ желудникот за помалку од половина час, а други може да се задржат и со часови.

Така, на пример, ако јадете оброк со компири, во зависност од тоа како е подготвен компирот, него му се потребни 90-120 минути за да помине низ желудникот. Најбрзо се процесираат варените компири.

Од друга страна, водата речиси и да не се задржува во организмот. Многу е важно да не пиете многу ладна вода, туку на собна температура, за да не предизвикувате температурен шок во телото.

Овошјето, поради големата содржина на вода, исто така лесно се процесира во желудникот, за околу 20-30 минути. Од друга страна, на месото му се потребни дури три часа додека целосно да се свари и испроцесира во желудникот. За разлика од него, рибата се вари околу околу еден час.

Зготвениот зеленчук се вари околу 40 минути во телото. На свежиот му е потребно различно време, во зависност од концентрацијата на вода и растителни влакна во него.

Од месата, најлесно сварливо е пилешкото месо и тоа на белото месо му се потребни околу 90 минути, а на копаните и останатите делови околу 120 минути.

Но, ако мешате во ист оброк храна што брзо се вари и што бавно се вари, вашиот дигестивен систем ќе работи побавно, со цел да се испроцесира целата количина.

Слични содржини