Кои се 28-те земји кои пријавија заразени лица од коронавирус: Први случаи на инфекцијата во Иран

од Nikola Popovski

Досега, вирусот корона е пријавен во 27 светски земји, иако повеќето случаи се во Кина, а сега се потврдени првите случаи во Иран.

Првите случаи на коронавирус се потврдени во Иран, откако е откриено дека две лица се заразени, објави иранската полу-официјална новинска агенција ISNA, повикувајќи се на властите.

Сепак, агенцијата не ја наведува националаната припадност на заразените, пренесува АП.

ISNA го цитираше службеното лице во Министерството за здравство, Кијануш Џаханпур, кој рече дека изминатите два дена биле откриени некои сомнителни случаи на новиот коронавирус.

Бројот на заразени од коронавирус во Кина се зголеми на 74.185, а бројот на починати изнесува 2.004.

Според Ал Џезира, досега се пријавени 15 случаи во Австралија, еден во Белгија и Камбоџа, осум во Канада, 74.185 во Кина, еден во Египет и Финска, еден во Франција, 12 во Германија, три во Индија. тројца се болни во Италија, 74 во Јапонија (плус 542 на крузерот), 22 во Малезија, еден во Непал, три на Филипини, два случаи пријавени во Русија, Сингапур 81, Јужна Кореја 51, Шпанија два, Шри Ланка и Шведска по еден , во Тајван 22, Тајланд 35, ОАЕ 9, Велика Британија 9, 15 во САД, 16 во Виетнам и сега првиот случај на инфекција во Иран.

Слични содржини