Кои се можните сценарија на вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

од desk4

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 19 часот ќе одржи Центарлен комитет. Членови на партијата на социјалните мрежи пишуваат за можни сценарија по гласањето во петокот во Собранието.

Мислењата укажуваат на голем јаз меѓу членството, а неофицијално се шпекулира можни две сценарија.

Според едни, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Наводно, Мијалков е тој кој ги убедил седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени, бидејќи сакал да се спаси себеси и своите бизниси.

Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски, бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата и останал да биде раководен од Груевски, Мијалков и Протуѓер.

Слични содржини