Кои се подобрувањата во новата верзија на Adobe Acrobat DC?

од Vlatko K
82 прегледи

Adobe е една од компаниите кои активно работат со идејата за подобрување на можностите на модерен PDF формат. Овој стандард се користи масовно за создавање и испраќање на документи во интернет и Adobe сметаат дека има начин како да го сторат уште покорисен. Компанијата откри официјално детали за новата верзија на Аcrobat DC, која додава многу непознати досега алатки и поддршка за вештачка интелигенција во PDF датотеките, пријави DigitalTrends.

Ажурирањето не е ограничено само на овој софтвер, бидејќи новите функции се достапни и за Acrobat Reader апликацијата за мобилни уреди и Adobe Scan. Сите промени се инспирирани од повратните информации на компанијата на милиони корисници низ целиот свет. Откако ќе отворите Acrobat Reader веќе ќе можете да пополнувате обрасци, да потпишувате документи и прегледувате PDF датотеки без да излегувате од самата апликација.

Корисниците сега ќе можат да го користат корисниот Adobe Sign in Acrobat Reader. Сопствениците на таблет ќе имаат пристап до многу опции за уредување на датотеки. Исто така се планираат подобрувања на платформата Adobe Sense, која користи вештачка интелигенција за да ни олесни да работиме. Adobe Scan може да препознае повеќе бизнис карти во исто време и сега поддржува неколку нови јазици. Новото ажурирање сега е достапно за корисниците.