Мозочен удар настанува поради оштетување на крвните садови на мозокот, што го отежнува или целосно го оневозможува снабдувањето на тој дел од мозокот со кислород и хранливи материи. По мозочен удар, зафатениот дел од мозокот престанува да функционира и се појавуваат невролошки испади.
Разликуваме два вида на мозочен удар: исхемичен мозочен удар, кој се јавува поради блокада на крвните садови во тој дел од мозокот од тромб и хеморагичен мозочен удар, при што настанува оштетување на мозокот поради крварење во мозокот“, наведува д-р Јован Крстиќ, невролог, пренесе „24 сата.хр“.
Исхемичниот мозочен удар е многу почест, сочинува околу 85 отсто од сите мозочни удари. Понекогаш, пред мозочен удар, може да се појават симптоми слични на шлог, кои се повлекуваат по 24 часа без да остават трајно оштетување. Оваа состојба се нарекува ТИА (транзиторен ихемичен напад) и е предупредувачки знак дека може да дојде до мозочен удар кај истата личност.
-Мозочниот удар е итен случај во медицината, бидејќи може да доведе до трајно оштетување или смрт. Затоа е потребно веднаш да се јавите на лекар во првите три часа од препознавањето на симптомите на мозочен удар. Симптомите на мозочен удар можат да бидат: конфузија или ненадејна промена на свеста, лишување (парализа), слабост или вкочанетост на едната страна од телото, отежнат или невозможен говор, ненадејна силна главоболка, губење на видот, „двојни слики“, губење на рамнотежа или вртоглавица… Сите овие се симптоми кои мораат да бидат аларм дека може да се случи мозочен удар – посочува лекарот.
Мозочниот удар е сè уште една од најчестите причини за смрт. Шансите за преживување се значително зголемени доколку се примени специфична терапија (тромболиза) и затоа е потребно веднаш да се повика на лекар во рок од 3 до 4,5 часа од почетокот на симптомите!