Кој би можел да го замени Борис Џонсон?

од Stefanija Kuzmanovska

Медиумите во Велика Британија и во светот веќе шпекулираат кој би можел да го наследи премиерот Борис Џонсон, кој поднесе оставка од функцијата претседател на британската конзервативна партија, пренесува „Хина“.

Еден од фаворитите е 52-годишниот министер за одбрана Бен Валас, попопуларен од кога било за време на руската инвазија на Украина. Велика Британија е голем помошник на нападнатата земја.

Иако секогаш негираше дека сака да биде на чело на Конзервативната партија, овој политичар е познат како чесна и компетентна личност.

Според анкетата спроведена од YouGov во четвртокот, тој ќе победи во пресметката со своите ривали во лидерските избори на ториевците.

Потенцијална кандидатка и Пени Мордоунт

„Некои од нас имаат одговорност да ја одржуваат безбедноста во оваа земја, кој и да е премиер. Партијата има механизам за промена на лидерот и ги советувам колегите да го искористат. Во меѓувреме, јавноста нема да ни прости ако ги оставиме празни министерските места“, изјави Валас.

Како потенцијална лидерка на партијата се споменува 49-годишната државна секретарка за надворешна трговија Пени Мордоунт, учесничка во кампањата за Брегзит, која преговара за трговските односи по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Мордоунт стана првата министерка за одбрана на Велика Британија во 2019 година, а таа позиција ја напушти кога Џонсон дојде на власт. Нејзината популарност меѓу конзервативците расте и таа важи за сериозна замена за премиерот.

Според истражувањето на YouGov, таа се смета за втор најверојатен кандидат за лидерство на ториевците.

Слични содржини