Кој е Даванков, ривалот на Путин? За него активно гласаа Русите во странство, на некои места освои и поголем број гласови

од Симе Стоиков

За време на претседателските избори во Руската Федерација, Русите во странство активно гласаа за Владислав Даванков, заменик-шефот на Државната дума на Руската Федерација од Новата народна партија.

Ова го објави руското опозициско издание Медуза, повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија.

На некои места Даванков победи во странство како во Варшава, Прага, Хаг, Вилниус, Хаифа, Ереван…

Даванков се залагаше за преговори, но јасно стави до знаење дека не е подготвен да го поддржи враќањето на окупираните територии на Украина.

„Мир и преговори. Но, според наши услови, а не назадување. Многу е важно овие преговори да доведат до тоа нашата Русија да биде независна – стои во програмата на неговиот кандидат.

Да потсетиме дека според податоците на Централната изборна комисија на Руската Федерација, Путин победи со повеќе од 87 отсто.

На прес-конференцијата по завршувањето на претседателските избори во Русија, Путин даде низа изјави, од кои некои се однесуваат на Украина и НАТО.

Слични содржини