Две години по добиената пресуда од Стразбур, разрешениот судија и поранешен претседател на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски, денеска треба да се појави пред Судскиот совет заради повторување на постапката за негово разрешување.
По барање на Митриновски седницата е отворена за јавност.
Митриновски минатата недела за Макфакс изјави дека Судскиот совет не може да води постапка против него и постапката треба да ја запре, бидејќи, како што вели, не само што не е надлежен, туку туку не смее да носи одлука на негова штета откако Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во негова корист.
Митриновски беше разрешен во 2011 година поради одлуката на советот со кој тој претседавал да го пушти во домашен притвор тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Во разрешувањето аминуваше Врховниот суд со кој претседаваше тогашниот и сегашен претседател на највисокиот суд Јован Вангеловски.