Кој е првиот човек што се зарази со коронавирусот?

од Nikola Popovski
189 прегледи

Во прелиминарниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот ќе се препорача поопширно пребарување на контакти на првиот познат пациент со Ковид-19 во Вухан, Кина, како и синџирот на снабдување за скоро 10 трговци на пазарот за морска храна во Хуанан,за што се смета дека има улога во раното ширење на коринавирусот кон крајот на 2019 година.

Според истражувачите запознаени со нацрт-извештајот за Си-Ен-Ен, на кинеските научници им биле потребни многу месеци да ја направат првичната истражна работа за потеклото на вирусот.

Тие рекоа дека сметаат дека е изненадувачки и неверојатно што кинеските научници не ја завршиле работата.

Препораките на комисијата, меѓу другото, ќе се осврнат на две клучни линии на истрага, велат истражителите, запознаени со нацрт-извештајот за Си-Ен-Ен.

Прво ќе се побара понатамошна работа за историјата на контакти на пациент од Вухан, кој се разболе на 8 декември 2019 година, што е прв случај за кој кинеските научници и панелот на СЗО наведоа дека се разболел од Ковид-19.

Идентитетот на пациентот не е објавен, но, според истражителите на СЗО, станува збор за канцелариски работник во 40-тите годин, кој не патувал на егзотични дестинации или имал историја на контакти, а живеел со сопругата и детето.

Во прелиминарниот извештај што ќе биде презентиран следната недела, одборот на СЗО исто така ќе препорача итна истрага за синџирот на снабдување на пазарот на морски плодови во Хуанан, велат истражувачите запознати со нацрт-извештајот.

Водачит на мисијата на СЗО, Питер Бен Ембарек одби да ги коментира деталите за секое понатамошно пребарување или тестирање на контактите што се потребни.

Тој за Си-Ен-Ен изјави дека се потребни дополнителни истражувања.

Други научници изразија изненадување, па дури и неверување дека Кина, очигледно, веќе не извршила понатамошни истражувања, како во историјата на контактите на првиот пациент, така и во синџирот на снабдување во Хуанан, што го побарала СЗО.

Слични содржини