Кој е во право: СДСМ тврди „дупка до дупка“, ВМРО-ДПМНЕ се фали со 60 илјади граѓани

од Nikola Popovski

Партиите низ различен објектив го гледаат вчерашниот митинг организиран од опозицијата, на првиот ден од изборната кампања. -Слабата поддршка на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова е втора порака од граѓаните дека опозициската партија ја нема поддршката од граѓаните која се обидува да претстави дека ја има, пишуваат денеска медиумите блиски до власта.

„Ова е само втор пример во краток период каде што наводната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се покажува дека постои само кај врвот на партијата, откако претходно опозициската партија не успеа да ги собере и искористи потребните потписи за кандидатурата на Силјановска“, анализираат оттаму.

„Слабиот митинг покажува дека ДПМНЕ нема поддршка меѓу граѓаните. И тоа се потврди уште кога не успеаја да соберат потписи за Силјановска. Граѓаните не сакаат изолација и враќање назад туку напредок и членство во ЕУ. Слушнавме агресивни пораки од говорницата и лаги само за да го прикријат фактот дека претседатаелот Димитар Ковачевски доминираше на ТВ дуелот и дека Мицкоски загуби“, реагираа претходно од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешното сооопштение на СДСМ за посетеноста на синоќешниот прв митинг на партијата. Според партијата на Христијан Мицкоски, синоќа на собирот пред Влада имало 60 илјади граѓани.

-Најголемиот демант на овие овие губитнички соопштенија на преостанатата врхушка на СДС која нема начин како да го напушти „бродот што забрзано тоне“ се реките незадоволни граѓани кои од сите страни на државата дојдоа пред зградата на Владата. Овие над 60.000 незадоволни граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа пред објектот кој стана симбол на криминалот и корупцијата изминатите во 7 години, за да обзнанат дека си ја враќаат Македонија повторно во своите раце после големите победи на претседателските и на парламентарните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека вчера се покажа дека Македонија има енергија, една многу убава, позитивна енергија. -Го слушнавме крикот на народот, крик за промени, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

Официјално почна кампањата за претседателските избори, закажани за 24-ти април. Кампањата ќе трае до 22-ри месецов, кога на сила стапува молкот. Во трка за фотелјата во „Вила Водно“ се седуммина.

На вториот ден од предизборната кампања, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, својата програма ќе ја претстави пред жителите на Вевчани, Струга и на Ресен. Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата ќе биде во источниот дел, во Карбинци и во Пробиштип, а митинг ќе има во Штип.

Слични содржини