КОЈ ГИ ПРЕКРШИ МЕРКИТЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ МОЖЕ ДА ОДИ ВО ЗАТВОР: Швајцарија со драстични чекори

од Nikola Popovski
305 прегледи

Швајцарската влада презеде драстични чекори за ублажување на енергетската криза која ја зафати Европа, пренесува локалниот весник „Блик“. Оние кои ќе ги прекршат владините регулативи за греење оваа зима може да бидат казнети, па дури и затворски.

Според правилата воведени со новата владина регулатива, зградите со системи за греење на гас можат да ги загреваат просториите само до 19 степени. Топлата вода може да се загрева само до 60 степени, а дополнителните грејни елементи се забранети.

Луѓето кои ќе ги прекршат правилата може да се соочат со парична казна до 180 дневна казнена единица или да завршат зад решетки три години, според „Блик“.

Дневниот износ во овој случај може да биде меѓу 30 и 3.000 швајцарски франци, во зависност од тежината на прекршокот и економските околности на сторителот, додава „Блик“.

Комуналните претпријатија и другите компании кои намерно ги надминуваат своите квоти за гас веројатно ќе се соочат со уште построги казни, се вели во написот. Владата, пак, наведува дека не планира да праќа полицаец во секоја куќа.

– Ние не сме полициска држава – рече министерот за економија Ги Пармелин на прес-конференција минатата недела. Тој, сепак, додаде дека можни се „проверки на лице место“ од органите на прогонот.

Швајцарските кантони сега имаат рок до 22 септември да поднесат предлози и загрижености во врска со нацрт-регулативата на владата.

Западните санкции наметнати на Русија како одговор на воената операција на Москва во Украина доведоа до рекорден пораст на цените на бензинот и зголемување на вкупната инфлација, пренесува „РТ“.

Фото: Profimedia

Слични содржини