Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, прашуваат од ДУИ

од Nikola Popovski
219 прегледи

Демократската унија за интеграција информира дека со изненадување и неверување ја следи дебатата и кампањата против законот за игрите на среќа, како и кампањата во одбрана на монополот. Прашуваат на кого му пречи и кој го блокира веќе две години законот за игри на среќа со кој:

– обложувалниците и казината се оддалечувват на 500 метри од нашите деца и училишта
– се заштитуваат и спречуваат малолетниците од учество во игрите на среќа
– се зголемуваат приходите во буџетот, преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат културата, спортот, медиумите.

Од ДУИ прашуваат кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?

-Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината? Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат. Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието. Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните. Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот! Нема да не спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас, велат од ДУИ.

Асоцијацијата на обложувалници изминатиот период реагираше дека со ваквите законски решенија, поединци од власта сакаат да ги истиснат домашните компании надвор од пазарот и со тоа да овозможат влез на сомнителни недоверливи странци кои треба да организираат онлајн игри на среќи преку повик со однапред договорени услови од Државната лотарија.

Со измените на законот, Владата планира да ги оддалечи казината, обложувалниците и автомат клубовите најмалку 500 метри од образовните институции. Од АСОМ велат дека ако Владата остане глува на нивните барања, подготвени се да организираат масовни протести.

Слични содржини