Кој ќе се откаже од стариот дизелаш ќе добие до 10.000 евра

од desk2
83 прегледи

Производителот на автомобили Ауди за купувачите во Германија смисли пакет мерки за да го стимулира заменувањето на старите дизел автомобили со понови модели од оваа марка.


Така на оние кои имаат дизел автомобили со Еуро 1 до Еуро 4 мотори оваа компанија им овозможува купување на нови Ауди автомобили од Еуро 6 агрегат по принцип старо за нови, а ќе добијат бонус од 3 го 10 илјади евра, во зависност од моделот што сакаат да го купат.

Оваа акција, која во потполност ја финансира Ауди, за сега е достапна само за купувачите во Германија како дел од пакетот мерки кои државата ги презема за да го намали бројот на старите загадувачи.Освен за новите

Ауди автомобили, оваа акција важи за стари половни автомобили кои ги задоволуваат етандардите од Еуро 6.
Најновата мерка е дел од спогодбата која Аudi, Volkswagen, BMW, Daimler и Opel, ја постигнаа со владата, а со која е предвидена брза замена на старите со нови модели автомобили, еколошки прифатливи.