Речиси 30 милијарди евра годишно плаќаат работници во Грција за 2,7 милиони пензионери во земјата.
Пензискиот систем во Грција е главната причина за банкрот во земјата. Ова го потврди професорот на Универзитетот во Пиреја Милтиадис Нектариос.
Тој посочи дека од речиси 2.7 милиони пензионери, 700.000 од нив се под 65 години. Тој посочи дека работниците во Грција се најголеми учесници во пензискиот систем на земјата , а во исто време немаат гаранции за пристојни пензии.
Главната слабост на пензискиот систем е тоа што тој е дистрибутивен, тврди Милтиадис Нектариос.
ОД друга страна тука е и демографијата.Во Грција ситуацијата е алармантна . Таа е една од најстарите популации на ЕУ. Повеќе од една петтина од нив или 21% се над 65 години. Податоците покажуваат дека до 2030 година населението на оваа балканска држава ќе се намали до 9,9 милиони луѓе, а до 2050 ќе се скрати до 8,9 милиони од денешните 10,6 милиони.