Кој злоупотребил европски пари, а е важен за СДСМ – прашуваат од најголемата владеачка партија

од Nikola Popovski
126 прегледи

Зошто СДСМ се плаши од одговорност за злоупотребите на ИПА фондовите, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и обвинуваат дека злоупотребени се над 2.2 милиони евра.

Од најголемата владеачка партија посочуваат дека  Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023, по мејл доставил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на парите.

-Потоа до Агенцијата е доставен уште еден допис, дека решението е конечно. Власта на СДСМ и ДУИ немаше постапено. Зошто, велат од „Белата палата“, повторно прашувајќи дали претходната власт на СДСМ и ДУИ криеле некој?

-Кој злоупотребил европски пари, а е важен за СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ возвратија дека благодарение на нивниот и притисокот на јавноста, кадарот на ВЛЕН, Афрона Верзиволи ќе биде повлечена од функцијата ревизор на ИПА фондовите.

-За премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ број еден приоиртет е послушноста и партиската припадност, а квалификациите изгледа се на последно место. Токму оваа политика ги обесхрабрува граѓаните и професионалците кои ја губат довербата во институциите и бараат работа надвор од државата. Не е ни чудно што Владата е катастрофа, со ваква кадровска политика не може повеќе да се очекува, велат, меѓу другото од „Бихаќка“.

Дел од медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Верзиволи воопшто има лиценца за ревизор. Во меѓувреме, Владата најави дека ќе ја разреши ревизорката.

Слични содржини