Која боја се овие патики? Интернетот повторно ГОРИ од поделени мислења (ФОТО)

од Elena Daskalova
485 прегледи

Се сеќавате на фустанот кој пред неколку години го подели интернетот? Едни велеа дека е син со црни детали, додека други го гледаа бел со златни детали. Дури и денес тој фустан е познат едноставно како „фустанот“, а на интернет можете да го најдете со едноставно „гуглање“ на поимот „the dress“.

Иако се докажа дека оригиналот е син со црно, потоа истиот производител направи и бела верзија со златни детали. Сепак, фустанот и понатаму остана симбол за една од најинтересните оптички илузии, но и доказ дека сè е до перцепцијата.

Но, овојпат се појави нешто слично. Фотографија од патики од брендот Луи Витон, фотографирани врз кутија со истото лого, повторно ги поделија луѓето на интернет, кои меѓусебно се препукуваат дали патиките се црни или бели.

Како ви изгледаат вас?

Сепак, сопственикот на патиките ја разреши оваа дилема, објавувајќи дека се работи за бели модел со рефлектирачки детали, кои поради блицот доаѓаат до израз и ги фрлаат во сенка самите патики.

Слични содржини