Која е идеалната температура за спиење и зошто треба да спиете без облека?

од Stefanija Kuzmanovska
463 прегледи

Докторката Хелен Лоул се појави во новата емисија на Channel 4, How To Lose Weight Well каде откри дека можете да согорувате маснотии дури и ако не правите ништо.

„Во просек, согоруваме околу 300 калории додека спиеме навечер“, рече таа.

„Теоријата вели дека кога телото е на пониска температура, се активира ткиво наречено кафеава маст, кое согорува дополнителни калории додека телото се обидува да се загрее“, додаде таа.

Д-р Хелен разговараше и со професорот Мајкл Симонс, кој користеше камера за термичка слика за да открие како се активираат кафеавите маснотии на студ.

„Еден грам кафеава маст може да произведе 300 пати повеќе топлина по грам од кое било друго ткиво во телото“, откриваат тие.

Затоа, ако сакате да изгубите тежина додека спиете, треба да ја разладите просторијата на 18 степени. А ако сакате да одите чекор подалеку – отфрлете ја облеката, пишува The Sun.

Претходните студии покажаа дека спиењето без облека ви помага да изгубите тежина, а Националниот институт за здравство на САД објаснува дека разладувањето додека спиете може да го забрза метаболизмот, бидејќи вашето тело троши енергија за да ве стопли.

Слични содржини