Која е разликата меѓу пинџур, ајвар и малиџано?

од Nikola Popovski
577 прегледи

Додека Балканот сè уште расправа околу тоа чиј ајвар е „вистински“, странците не знаат ни по што точно се разликува пинџур од лутеница, на пример, а не па кога се зборува за малиџано, закуска или чопулу.

Затоа „Taste atlas“ претстави графика на која се прикажани традиционалните намази од зеленчук приготвени во балканските земји – со нагласени состојките за подготовка за јасно да се видат разликите.

За почеток, ајварот се прави само од печени црвени пиперки.

Во лутеницата покрај пиперките влегуваат домати, лути пиперки и лук. Пинџурот е „слатка“ варијанта на лутеницата и се прави од печени пиперки, домати и лук.

Кај нас малку помалку позната е закуска, романски есенски деликатес во тегла, направен од печен патлиџан, печени пиперки, лук и варени домати.

Чопулу е варијација на темата, бидејќи оди со печен модар патлиџан, печен црвен пипер, печен домат и лук.

Малиџано е единственото во кое не преовладува црвената боја на пиперката. Карактеристично е за нашата зема и се состои од со печен модар патлиџан, печен зелен пипер, лук и сенф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

Слични содржини