Која е разликата помеѓу пробиотици и пребиотици?

од Vladimir Zorba
3,8K прегледи

Пробиотиците во форма на додатоци во исхраната се сè почесто и широко рекламирани. Многу луѓе почнуваат  ги консумираат без да се замислат што точно се тие и каде можат да си ги набават по природен пат.0541df0767a3f04c78b522434d314200

А, што сме слушнале за пребиотиците? Иако двете имиња звучат исто, меѓу нив има големи разлики кои ќе ви ги разјасниме.

Што претставуваат пробиотиците?

Во човечкиот организам живеат како добри, така и лоши бактерии. Во цревната флора се наоѓаат и од двата вида.

Најопшто кажано, пробиотиците се добрите бактерии кои помагаат за балансирањето на средината во целиот организам. Тие ни помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, како на таквите внатре во нас, така и надворешни.

Кога средината во организмот е здрава и богата со пробиотици, ние сме значително поотпорни на болести, инфекции и патогени болести. Кога пробиотиците се доволно, имунолошкиот систем е способен дури и да ги неутрализира туморските клетки или ризичните микроорганизми, потенцијално опасни за експанзијата на туморска маса.

Каде може да се набават пробиотици?

Пред да се прибегне кон апчињата, проверете во фрижидерот. Таму може да се крие храна богата со пробиотици.

Таква храна е претежно јогуртот, киселата зелка, комбухата, кефирот, киселите краставички, некои видови меки сирења – воопшто сите видови храна, кои се ферментирани некако.

Многу е важно овие видови храна да се консумираат студени, за да не се убијат добрите бактерии.7e2664def336b6e7ae2d44bdb569d5e6

Што претставуваат пребиотиците?

Иако слично звучат нивните имиња, пребиотиците се сосема различни од пробиотиците. Тие дури и не се живи клетки, какви што се пробиотиците.

Пребиотиците претставуваат влакна или поточно јаглехидрати кои се неразградливи за организмот. Нивната улога е да ги “хранат” пробиотиците и да им помагаат во нивниот развој. На овој начин се стимулира растот и функцијата на пробиотиците, а тоа е во корист на добрата функција на цревата.

Каде може да се набават пребиотици?

Може да не сте размислувале каде всушност може да си набавите пребиотици, но тие се се присутни во многу видови здрава храна, на кои треба да се нагласува. Тоа се бананите, овесните снегулки, јаболката, лукот, кромидот, цикоријата, артишоката.

Не е потребно да се храните паралелно со пробиотици и пребиотици секој ден. Можете да ја јадете наизменично храната, а материите во нив ќе се грижат за балансот во вашето тело. На долг рок тоа ќе го направи вашиот имунолошки систем силен и значително ќе ја подобри вашата здравствена состојба.

За што помагаат пробиотиците и пребиотиците?

Овие два вида помошници за нашиот организам помагаат за превенција од гастроинтестинални проблеми, пролив, запек, чир на желудникот, дијабетес, дебелина, алергии. Го подобруваат и зајакнуваат имунолошкиот систем, исто така штитат од развој на рак.

Слични содржини