Почетна / Магазин / Која е вашата? Слабата еротска точка на секој хороскопски знак

Која е вашата? Слабата еротска точка на секој хороскопски знак

Според астролозите, секој хороскопски знак има одредени предиспозиции и карактеристики кои го прават различен од останатите кога е сексуалниот живот во прашање.

Астрологот Џошуа Мекгири тврди дека токму поради ова едни знаци се меѓусебно компатибилни во кревет, а кај други не се развива ниту почетната хемија.

А, еве кои се слабите секси точки на секој хороскопски знак:

Овен

Овните сакаат да преземаат иницијатива. Нив лесно им станува здодевно, па затоа ќе внесат играчки, нови пози, па дури и необични места за секс. Најкомпатибилни се со Лав, Стрелец, Вага, Рак и Близнаци.

Бик

Биковите сакаат да истражуваат, а сексот го поврзуваат со храна и пијалаци. Често во нивните игри има чоколадо, јагоди, шлаг, вино… Најкомпатибилни се со Девица, Јарец, Скорпија, Риба и Рак.

Близнаци

Тие во исто време сакаат и постојаност во односот, но и динамика и промени. Ова ги прави идеални за експериментирање со улоги. Најмногу им одговараат Вага, Водолија, Стрелец, Лав и Риби.

Рак

Раковите сакаат да го задоволуваат партнерот, да го опсипуваат со внимание, но и да им биде возвратено. Најдобро се снаоѓаат со Скорпија, Риби, Јарец, Девица и Бик.

Лав

Лавовите сакаат да доминираат, склони се кон егзибиции, а не би ја исклучиле можноста да пробаат секс во тројка или пак, задоволување на јавно место. Компатибилни се со Овен, Стрелец, Водолија, Вага и Близнаци.

Девица

Чувствителните Девици би сакале да испробаат тантрички секс и можноста со партнерот да се поврзат на спиритуално ниво. Тоа би го постигнале со Бик, Рак, Риби и Скорпија.

Вага

Вагите сакаат рамнотежа, а тоа го манифестираат и во кревет. Имаат бујна фантазија и иако се романтични, размислуваат и за костими од латекс, корсети, мрежести чорапи… Најдобри за нив се Близнаци, Рак, Водолија, Стрелец и Лав.

Скорпија

Сакаат секси-игри, врзување на очите и користење на сите сетила за сензација. Сакаат да се движат по границите, а немаат ништо против ни да ги надминат. Најкомпатибилни се со Риби, Рак, Бик и Девица.

Стрелец

Стрелците сакаат да бидат разгалувани, да лежат на луксузна постелнина, да носат секси долна облека и да разменуваат нежности. Најмногу им одговараат Лав, Овен, Водолија, Вага и Близнаци.

Јарец

Јарците сакаат да бидат главни во спалната соба, а отворени се за експериментирање со садо-мазо игри. Целосно им одговараат на Девиците, Биковите, Раковите, Рибите и Скорпиите.

Водолија

Водолиите се многу љубопитни и им се допаѓа сè што е ново и невообичаено, а би ги тестирале и своите фетиши. Си одговараат со Близнаци, Вага, Лав, Стрелец и Овен.

Риби

Сензуалните риби обожаваат бавен и нежен секс, а уживаат со партнер кој презема иницијатива. Компатибилни се со Скорпија, Рак, Девица, Јарец и Бик.

loading...