Која земја во Европа има најдолги железнички линии и каде е Македонија во споредба со земјите од регионот?

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Според податоците на европската статистичка агенција Еуростат, Германија со импресивни 38.691 километри железнички линии e на врвот на европската скала по вкупна должина на железнички линии. По неа следат Франција (27.597 km), Украина (21.640 km), Полска (19.539 km) и Италија (16.832 km).

Земјите со пократки железнички мрежи во Европа вклучуваат Португалија (2.527 km), Ирска (2.045 km), Грција (1.822 km), Луксембург (271 km) и Лихтенштајн, чија железничка мрежа е долга само 9 километри.

Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, Србија има железничка мрежа од 3.382 километри и е значително поразвиена од своите соседи.

Хрватска има 2.617 километри железница, Босна и Херцеговина има 1.025 километри, Македонија има 683 километри, додека Албанија има само 252,95 километри железница. Црна Гора е на самото дно со 250,5 километри, покажуваат податоците на агенцијата Евростат.

Слични содржини