Колач од брусница и чоколадо

од desk2
179 прегледи

 

Вкусен колач од брусница и чоколадо, што лесно се подготвува. Пробајте!

Потребни состојки:

1 шоља суви брусници

1 шоља рендана чоколада за готвење

280 гр. брашно

150 гр. шеќер

1/2 лажица сол

1 јајце

2 лажици прашок за пециво

Цеден сок од 2 портокали

2 лажици прашок за пециво

Шеќер во прав

Подготовка:

Во голем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот и промешајте, па додадете го маргаринот и замесете тесто. Во тестото додадете го сокот, јајцето, брусниците и брашното, па повторно замесете за да добиете хомогена смеса.

Во тестото додадете ја чоколадата и промешајте. Сипајте го тестото во калап намрсен со маргарин и печете на температура од 180 степени околу половина час. Откако колачот ќе се испече оставете го малку да се излади и посипете го со шеќер во прав.