Колач со ореви и џем од кајсии

од desk2
315 прегледи
Многу лесно и брзо ќе го подготвите овој вкусен домашен колач …

Потребно е:
2 јајца
200 г шеќер
200 мл млеко
200 мл масло
200 г мелени ореви
200 г гриз
200 г брашно
2 изрендани јаболки
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
малку рум
50 г џем од кајсии
50 г сецкани ореви

Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.

– Додадете ги маслото, млекото, оревите, гризот и брашното што претходно сте го помешале со  прашокот за пециво. Изматете убаво.

– На крај додадете ги изренданите јаболки и измешајте.

– Горната смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени 30-35 минути.

– Печениот колач премачкајте го со џемот од кајсии и посипете го со сецканите ореви.